Рома се соочува со сериозни кадровски проблеми пред вечерашното гостување кај Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, кое е закажано за 21:00 часот. Тренерот Џан Пјеро Гасперини има сериозна причина за загриженост, особено поради неизвесноста на голманската позиција.
Италијанскиот стратег веќе знае дека нема да може да смета на првиот голман Миле Свилар, кој подолг период е надвор од терените поради повреда заработена пред неколку недели. Дополнителен проблем за Римјаните е што под знак прашалник е и неговата замена, Пјерлуиџи Голини.
Искусниот италијански голман има проблеми со грбот и сè уште не е познато дали ќе успее да се опорави навреме за дуелот со англискиот гигант.
Доколку Голини не добие зелено светло за настап, Гасперини ќе мора да бара решение меѓу преостанатите голмани во составот. Во тој случај, најголеми шанси за место меѓу стативите има третиот голман Девис Васкез, но во игра е и 19-годишниот младинец Џорџо Де Марци, кој би можел да добие неочекувана можност да дебитира на големата сцена.