Ако по утрото се познава денот, Пјер-Емерик Обамејанг ќе има одлична сезона во Ла Лига, славниот напаѓач игра во голема форма во првите кола.
Обамејанг синоќа со гол во 88. минута му донесе победа на Депортиво на гостувањето кај Виљареал од 3-2. Тој беше и асистент на претходните два погодоци.
По одиграни четири натпревари, Обамејанг има дадено четири голови и има направено две асистенции.
Тој има 37 години, но игра во голема форма, како во најдобрите денови. Останува да се види дали ќе има континуитет низ сезоната, но засега го привлекува вниманието на себе.