Тенис

Најпознатиот јапонски тенисер ја заврши кариерата

Најпознатиот јапонски тенисер ја заврши кариерата

Јапонецот стави крај на 19-годишната професионална кариера по поразот од Френсис Тиафо на турнирот во Токио.

Кеи Нишикори стави крај на својата професионална тениска кариера. Јапонецот последниот меч го одигра пред домашната публика на турнирот во Токио, каде што во првото коло загуби од Американецот Френсис Тиафо со 6:4, 6:4.

Нишикори, кој има 36 години, зад себе остава 19 години професионален тенис. Во кариерата стигна до четвртото место на АТП-листата, а најголемиот успех го оствари на УС Опен во 2014 година, кога стана првиот јапонски тенисер кој стигнал до финале на еден Грен слем турнир.

Кеи Нишикори е најуспешниот јапонски машки тенисер во историјата – прв Јапонец во Топ 10 и прв кој стигнал до финале на Грен слем, а највисоко на АТП-листата беше на четвртото место. Во кариерата освои и олимписка бронза во Рио 2016, а АТП го наведува како најуспешен азиски машки тенисер во историјата.