Од денеска почнува Светското фудбалско првенство. ТВ Арена Спорт Македонија ги има ексклузивните права на комплетниот Мундијал – 104 натпревари од најголемото првенство на планетата, од 11. јуни до 19. јули, со секојдневна студиска програма, специјални емисии, анализи, статистики, занимливости и врвна продукција во текот на речиси месец и пол дена непрекинат спектакл.
Турнирот првпат ќе биде одигран во формат со 48 репрезентации, во три држави домаќини, САД, Мексико и Канада. Мексико ќе стане првата земја која по третпат ќе биде домаќин на Мундијал, ова е второ Светско првенство за САД, а премиерно за Канада.
Регионалниот спортски ТВ гигант, Арена Спорт, отсега ќе има и македонска верзија. Програмата на македонски јазик започнува токму со почетокот на Светското првенство. ТВ Арена Спорт Македонија на гледачите ќе им понуди уникатно и сеопфатно искуство од првиот до последниот свиреж на Светското првенство. Секој меч ќе биде достапен во живо на нашите канали, а за првпат натпреварите ќе се емитуваат во дури 15 временски термини, од првиот термин во 18:00 часот до последниот во 06:00 наутро, што значи дека фудбалските љубители ќе имаат причина постојано да се дружат со ТВ Арена Спорт Македонија.
Пред нас се 39 дена врвен репрезентативен фудбал, без пауза!
Секојдневна ќе биде студиската содржина која ќе додаде дополнителна вредност на програмата. Водители ќе бидат Тони Стојановски, Горан Стерјов, Зоран Мишевски, Златко Андоновски и Дамјан Николовски, постојани аналитичари се Бобан Бабунски и Влатко Гроздановски, но во овие мундијалски денови ќе се дружиме и со други реномирани фудбалски гости од нашата земја. Гледачите може да очекуваат анализи, статистички прегледи, тактички агли, приказни од зад сцената и бројни специјални репортажи кои дополнително ќе го доближат големиот настан до публиката.
Покрај богатата телевизиска програма, обемна содржина за Светското првенство ќе има и на нашиот портал tvarenasport.mk. Читателите ќе може да видат вести, занимливости, голови… сите најинтересни и најважни моменти од Мундијалот.

Патот до мундијалскиот трофеј ќе биде најдолг досега, ова е најголемо првенство во историјата која ќе биде испишана во 16 градови во САД, Мексико и Канада. А конкуренцијата никогаш не била посилна. Меѓу главните фаворити се Франција, Шпанија, Аргентина, Англија и Португалија, тимови кои го заземаа самиот врв на ранг-листата на ФИФА пред почетокот на турнирот. Заедно со нив, најтесниот круг кандидати за самиот врв традиционално ги вклучува Бразил, Германија, Холандија…
Ќе ги видиме и некои од најголемите ѕвезди на модерниот фудбал на терените. Во центарот на вниманието, иако веќе во улога на ветерани, ќе бидат Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Лука Модриќ за кои ова ќе биде последното Светско првенство. Не помалку фокус ќе биде ставен на Килијан Мбапе, Џуд Белингам, Винисиус Џуниор, Хари Кејн, Ерлинг Халанд и многу други играчи кои ги претставуваат најголемите европски клубови и сега сакаат да ја одбележат најголемата репрезентативна сцена.
Светското првенство отсекогаш било место каде што се раѓаат легенди, и нема сомнение дека ова лето, гледачите ќе имаат можност да гледаат во живо кој ќе стане новото лице на светскиот фудбал на каналите на ТВ Арена Спорт Македонија.
Пред нас се речиси месец и половина од најдобриот репрезентативен фудбал во светот, и едно е сигурно – летото 2026 година ќе биде обележано со Светското првенство, а Светското првенство ќе се гледа на каналите на ТВ Арена Спорт.