Наместо во дружба и позитивна атмосфера, пријателскиот меч меѓу македонските и шкотските фанови не го доживеа својот крај поради тензија на теренот.
Шкотските навивачи се едни од најпозитивните фанови кои гостуваат во Македонија. Во пресрет на вечерашниот натпревари, тие имаа повеќе хуманитарни акции низ нашата земја.
И мечот меѓу навивачите на Македонија и Шкотска беше хуманитарен, но не помина во пријателска атмосфера како што се очекуваше.
Според веста на „24часа“, при резултат 1-1, играчите од двете страни влегле во меѓусебна физичка пресметка, интервенирала и полиција. Натпреварот бил прекинат.