Фудбал

Наполи без клучен дефанзивец на стартот од новата сезона

Наполи без клучен дефанзивец на стартот од новата сезона

Стоперот ќе мора да прави операција, и ќе паузира најмалку три месеци.

Дефанзивецот на Наполи, Алесандро Бонџорно, ќе биде подложен на операција на медијалниот менискус на десното колено, објави клубот. Неговото закрепнување ќе трае од два до три месеци, објавија италијанските медиуми.

Ова значи дека е многу можно централниот дефанзивец да ги пропушти првите десет натпревари на тимот во новата сезона – седум во Серија А и три во Лигата на шампионите.

Ова е осма повреда за италијанскиот репрезентативец откако се приклучи на Наполи во летото 2024 година со трансфер од Торино. Сепак, за две сезони во клубот, 27-годишниот Бонџорно има запишано вкупно 65 натпревари, што е важна фигура во составот на тимот под водство на претходниот тренер Антонио Конте.