Фудбал

Навивачите на Јунајтед се бесни, фрлаа тениски топчиња на теренот против Рома (ВИДЕО)

Навивачите на Јунајтед се бесни, фрлаа тениски топчиња на теренот против Рома (ВИДЕО)

Maнчестер јунајтед е на пат да претрпи уште еден неуспех бидејќи губи од Рома со 2-0 во четвртото коло од Лигата на шампионите, а навивачите го покажаа своето незадоволство.

Рома два гола постигна преку Суле во 11-тата и Мален од пенал во 17-тата минута. Набрзо по вториот гол на италијанскиот тим домашните фанови во знак на протест почнаа да фрлаат тениски топчиња на теренот.

Ниту статистиката не ветува дека Јунајутед може нешто да промени до крајот бидејќи „ѓаволите“ упатија само еден удар во рамката од голот.