Винисиус го одигра првиот официјален натпревар под водство на Жозе Мурињо, а Португалецот од прва рака виде зошто цело време се жали бразилскиот фудбалер.
Фудбалерите на Еспањол, но и на сите клубови, знаат дека нервите на Винисиус се слаба страна на фудбалерот, па постојано во текот на мечот се обидуваат да го извадат од такт и да го натераат да реагира за да добие картон.
„Тој не е светец, но тоа што му го прават нему е премногу. Ние сме во ере во која се бориме против малтретирање (булинг), но Вини постојано е подложен на малтретирање од публиката и од противниците“, вели Мурињо.
„Сето ова е оркестрирано, од стартот на мечот е така, од противникот, па до другите“.
„Вини треба да има голема емоционална контрола, тешко е тоа“.
„Зборував со него, му реков дека ако даде гол, да пази како ќе прослави бидејќи сакам да остане на теренот“.
„Постојано му зборуваат нешто, тоа е погрешно. Не треба да се случува, затоа велам, ова е малтретирање“.



