Фудбал

Мурињо пред „Ел Класико“: Мислењето дека ќе бидеме прегазени нема никакво влијание врз мене

Мурињо пред „Ел Класико“: Мислењето дека ќе бидеме прегазени нема никакво влијание врз мене

„Специјалниот“ го пофали ривалот, зборуваше и за судиите и за тоа што луѓето мислат дека Барселона ќе го добие овој натпревар.

Барселона утре во 21 часот ќе биде домаќин на Реал Мадрид во големото Ел Класико, а во пресрет на еден од најголемите натпревари во светот на фудбалот, тренерот на кралскиот клуб, Жозе Мурињо, се обрати на прес-конференцијата.

И додека сите очекуваа напад врз омразен ривал, приказна за судии, кражби, што се случуваше претходните денови, Специјалниот ги шокираше сите.

Мурињо упати исклучително позитивни зборови кон своите ривали. Ги пофали Барса, Ханси Флик, Ламине Јамал…

„Какво прашање е тоа што мислам за Флик? Врвен тренер, одлично си ја врши работата, што сакате да кажам?“, рече Мурињо.

Тој исто така има високо мислење за Ламине Јамал.

„Нема посебен план за него. Сите играчи на Барселона се добри, исто како во Реал Мадрид. Ламин е врвен играч. Одличните играчи заслужуваат почит. Сепак, почитта е едно, а сосема друго е да се промени планот поради еден играч. Нема да го направиме тоа, ниту за него, ниту за никој друг, без оглед на квалитетот на играчот.“, рече „Специјалниот“.

Тој вели дека им дозволува на луѓето да мислат што сакаат пред Ел Класико.

„Ако луѓето мислеа дека ќе бидеме прегазени пред една недела, веројатно сега мислат истото. Фактот дека луѓето зборуваат добро за Барселона не ме засега. Тоа нема никаква врска со мене. На крајот на краиштата, ние сме заедно само три месеци. Не е фер да се споредува тим кој е заедно веќе неколку години со нашиот“, изјави Мурињо.

Судијата на Ел Класико?

„Името никогаш не ме загрижувало. Верувам дека ќе биде добар избор. Ме загрижува фактот што се кршат правилата“, рече Жозе Мурињо.