Фудбал

Мурињо подготвува „чистка“, веќе отпиша тројца од Реал Мадрид

Мурињо подготвува „чистка“, веќе отпиша тројца од Реал Мадрид

Португалецот одлучил на кои фудбалери нема да смета во иднина.

Трент Александер-Арнолд, Дензел Дамфрис и младиот Тијаго Питарч се најдоа на удар, откако португалскиот стратег донесе одлуки за иднината на играчкиот кадар.

Жозе Мурињо веќе почнал да го крои Реал Мадрид според сопствените замисли, а најновите одлуки на португалскиот тренер отворија сериозни прашања за иднината на тројца фудбалери.

Според шпанскиот портал „Фичајес“, на списокот на играчи кои би можеле да го напуштат „Сантијаго Бернабеу“ во јануарскиот преоден рок се наоѓаат Трент Александер-Арнолд, Дензел Дамфрис и младиот Тијаго Питарч.

Најинтересна е ситуацијата на десната бековска позиција, каде што Реал има двајца фудбалери ангажирани за да ја засилат конкуренцијата. Сепак, Мурињо сè почесто се одлучува за Федерико Валверде, кој добива шанса како десен бек.

Уругваецот ја доби довербата на тренерот во натпреварите против Виљареал, Севиља и Лајпциг. Особено значаен беше изборот за дуелот со Лајпциг на 21 октомври, кога Александер-Арнолд и Дамфрис останаа на клупата, а Валверде повторно играше во одбраната.

Англичанецот пристигна во Мадрид со големи очекувања по успешниот период во Ливерпул, но сè уште не успеа да се наметне како стандарден првотимец. Слична е ситуацијата и со Дамфрис, кој пристигна од Интер за околу 20 милиони евра.

Третото име е Тијаго Питарч. Деветнаесетгодишниот играч од средниот ред минатата сезона доби можност да настапува за првиот тим и забележа 438 минути, но во сезоната 2026/27 сè уште нема настап за сениорскиот состав.

Неговото напредување беше отежнато и од повредата на коленото, поради која не успеа да ги заврши подготовките според планираното. Во септември и октомври настапуваше за вториот тим на Реал, Кастиља, со цел да ја врати натпреварувачката форма.

На овој список би можел да се додаде и Едуардо Камавинга, кој се повеќе не е во плановите на „Специјалниот“.