Жозе Мурињо се смее на информациите за евентуалната казна на Манчестер Сити, вели дека треба да е среќен ако ја дочека.
Мурињо не верува дека случајот со Манчестер Сити ќе биде завршен во блиска иднина. Тој смета дека ќе има 80 години кога тоа ќе се случи.
„Манчестер Сити? Попрво би се насмеал малку за тоа… Јас сум во моите 60ти, треба да бидам доволно среќен за да бидам жив кога ќе биде донесена одлуката. Сега ќе дојде пресуда, па ќе се жалат… ќе имам 80 години додека заврши“, вели Мурињо.
Мурињо во овој момент има 63 години, во јануари ќе наполни 64.