Фудбал

Мурињо нема фудбалери од средниот ред за мечот со Интер!

Мурињо нема фудбалери од средниот ред за мечот со Интер!

Во вторник Реал Мадрид го пречекува Интер во меч од Лигата на шампионите, а Жозе Мурињо се соочува со големи проблеми за овој дуел.

Арда Ѓулер, Едуардо Камавинга и Бернардо Силва немаат право да играат порази суспензиите кои ги имаат од минатата сезона.

Орелиен Чуамени се уште не е 100 проценти подготвен и неговиот настап за во вторник е неизвесен.

„Не знам дали Чуамени воопшто ќе биде подготвен за Интер. Ќе имаме проблем во средниот ред поради суспензиите на Ѓулер, Бернардо Силва и Камавинга. Практично, Валверде ќе биде единствениот првотимец од средниот ред кој ни е на располагање. Имаме голем проблем кој мора да го решиме“, изјави Мурињо.

Едно од решенијата може да биде повлекување на Белингем поназад во средниот ред, во средината може да биде прекомандуван и Трент Александер-Арнолд, па дури и Хујсен би можел да игра како дефанзивен играч за врска.

Како и да е, Мурињо ќе мора да прави импровизации во тој дел од теренот или со фудбалери на кои тоа не им е природна позиција или со млади играчи.