Португалскиот тренер Жозе Мурињо смета дека на Реал Мадрид му се потребни најмалку три години, односно три сезони, за да достигне совршенство.
Мурињо на прес-конференција пред натпреварот со АЕК во Лигата на шампиони (ЛШ) одговараше на новинарски прашања, а едно од нив беше за тоа колку време му е потребно да создаде незапирлив тим.
„Три години. Три сезони“, кажа накратко Мурињо.
„Кралевите“ по 11 одиграни кола се на третата позиција во лигата со 27 бодови, односно три помалку од лидерот во Ла Лига, додека во Лигата на шампиони имаат „три од три“.