Фудбал

Мурињо воведе пет строги правила во Реал Мадрид: Доцниш на тренинг – го пропушташ следниот натпревар!

Мурињо воведе пет строги правила во Реал Мадрид: Доцниш на тренинг – го пропушташ следниот натпревар!

Португалецот сака целосна дисциплина во соблекувалната, а во некои од неговите мерки инспирација пронашол и во работата на Ханси Флик во Барселона

Жозе Мурињо уште на почетокот од вториот мандат во Реал Мадрид покажува дека во неговата соблекувална нема место за недисциплина.

Португалскиот стратег вовел пет строги правила со кои сака да воспостави ред, дисциплина и заедништво во тимот. Наместо финансиски казни, кои според него немаат доволно ефект врз фудбалери со огромни плати, Мурињо се одлучил за мерки кои директно ќе влијаат врз нивниот статус во екипата.

Едно од најстрогите правила се однесува на доцнењето на тренинзите. Играч кој ќе задоцни нема да се приклучи на останатите соиграчи, туку ќе мора самостојно да тренира во теретана. Дополнително, автоматски ќе биде изоставен од составот за следниот натпревар.

Мурињо на овој начин сака да испрати јасна порака дека дисциплината е задолжителна за сите, без оглед на тоа дали станува збор за најголемите ѕвезди во тимот или за младинци.

Посебно внимание Мурињо посветува и на исхраната на фудбалерите.

Играчите повеќе нема да имаат целосна слобода во изборот на храната. Клубски нутриционист ќе има контрола врз менијата, со цел фудбалерите да се придржуваат до режим кој е прилагоден на професионалните потреби и физичките напори.

Португалецот сака играчите да разберат дека професионалниот живот не завршува кога ќе заврши тренингот. Исхраната, одморот и опоравувањето се дел од работата на секој фудбалер.

Мурињо вовел строги правила и кога станува збор за опоравувањето од повреди.

Фудбалерите кои се повредени ќе треба рехабилитацијата да ја спроведуваат во клупскиот тренинг-центар во Валдебебас, наместо самостојно да го организираат процесот.

Целта е медицинскиот и стручниот штаб да имаат целосен увид во нивното опоравување и да се избегнат ситуации во кои играчите се враќаат во тимот без да бидат целосно подготвени.