Фудбал

Дете од 16 години испиша историја во Бундеслигата!

Дете од 16 години испиша историја во Бундеслигата!

Нико Иличевиќ стана најмладиот дебитант во историјата на германското првенство, добивајќи шанса на натпреварот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Хамбургер (3:1).

Германската Бундеслига доби ново историско име. Шеснаесетгодишниот Нико Иличевиќ дебитираше во елитното германско првенство и веднаш се запиша во историјата.

Младиот фудбалер доби можност во самиот финиш од дуелот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Хамбургер, влегувајќи во игра во 90. минута. Со 16 години и еден ден, Илиќевиќ стана најмладиот дебитант во историјата на Бундеслигата.

Неговиот настап претставува голем момент за младиот фудбалер, кој во иднина ќе има можност да го гради својот пат на најголемата германска фудбалска сцена.

Ајнтрахт на крајот славеше со 3:1 и освои важни три бода, но историскиот момент на вечерта му припадна на младиот Иличевиќ.