Фудбал

Молк и страв во Истанбул, ѕвездата на Фенер неподвижна лежеше на теренот – потресни сцени (ВИДЕО)

Молк и страв во Истанбул, ѕвездата на Фенер неподвижна лежеше на теренот – потресни сцени (ВИДЕО)

На мечот меѓу Фенербахче и Коњаспор кој домаќините го добија со 4-2, се случи тежок инцидент, Керем Актуркоглу ги исплаши фановите.

Победата на Фенер беше во сенка на она што се случи на почетокот во второто полувреме.

По еден навидум благ дуел со противнички фудбалер, Керем Актуркоглу, остана да лежи неподвижен. Неколку минути му се укажуваше помош, по што директно беше префрлен во болница.

Сцената изгледаше страшно, но последните информации од Фенербахче велат дека Актуркоглу е свесен и првите испитувања се позитивни, ништо не е сериозно. Тој ја мина ноќта во болница, денеска ќе има уште една серија тестови по што ќе биде точно утврдена неговата состојба.