Фудбал

Модриќ ќе се повлече од репрезентацијата на Хрватска на мечот против новиот светски првак

Модриќ ќе се повлече од репрезентацијата на Хрватска на мечот против новиот светски првак

Хрватскиот фудбалер со најмногу настапи за националниот тим, ќе се збогува од националниот тим на преполниот „Пољуд“ во Сплит.

Најдобриот хрватски фудбалер на сите времиња, Лука Модриќ се одлучи да го продолжи договорот со Милан на уште една сезона, а донесе одлука кога ќе се пензионира од настапите во Хрватска.

Играчот од средниот ред му соопштил на селекторот дека неговиот последен настап во дресот на „коцкастите“ ќе биде во октомври во Сплит на „Пољуд“ на дуелот против светскиот првак Шпанија. Тој наводно му ја соопштил оваа одлука на новиот селектор Славен Билиќ.

Ако ова е вистина, тоа значи дека Модриќ би можел да игра само за претстојниот репрезентативен циклус и првите четири натпревари во групата од Лигата на нации, кои се закажани од 26 септември до 6 октомври. Последниот од четирите натпревари е претходно споменатиот натпревар против Шпанците на Пољуд, каде што Модриќ би можел да се збогува со дресот на Хрватска пред повеќе од 30 илјади навивачи.

Досега Модриќ има неверојатни 202 настапи и 29 голови за Хрватска. Освои два медали на Светските првенства, односно сребро во 2018 и бронза во 2022 година.