Фудбал

Модриќ не ја остава Хрватска, продолжува да игра за репрезентацијата!

Модриќ не ја остава Хрватска, продолжува да игра за репрезентацијата!

Сите очекуваа дека Светското првенство ќе биде последниот настап на Лука Модриќ за хрватската репрезентација, но тоа не е така.

„РТЛ“ објавува дека Модриќ ќе биде дел списокот на Славен Билиќ за престојните натпревари од Лигата на нации.

Очигледно Модриќ одлучил додека е активен фудбалер да настапува и за Хрватска. Нема да ја напушти порано од клупската кариера.

Модриќ досега има одиграно 202 натпревари за Хрватска и е фудбалерот со најмногу настапи за оваа земја.