Фудбал

Млад македонски фудбалер потпиша за српски клуб

Млад македонски фудбалер потпиша за српски клуб

20-годишниот Марко Стојилевски од Брера се пресели во тимот на Смедерево од Србија.

Стојилевски во Смедерево замина од Брера. Тоа е фудбалер кој потекнува од младинската школа на Вардар каде ги мина сите категории.

Во меѓувреме играше во сите македонски репрезентации, вклучувајќи ја и У21.

Марко Стојилевски игра на позицијата десен бек, но може да игра и како централен дефанзивец.

Во Смедерево очекуваат тој да биде значајно засилување за нив.