Ракомет

Младите ракометари со пораз од Норвешка го почнаа ЕП

Младите ракометари со пораз од Норвешка го почнаа ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години со пораз од Норвешка од 31-36 го почна Европското првенство кое се одржува во Романија.

Норвешка важеше за голем фаворит пред овој дуел, а тоа го оправдаа и на теренот.

Норвежаните водеа речиси во текот на целиот меч, Македонија изедначи само неколкупати во воведниот дел од натпреварот.

На полувремето Норвешка имаше предност од 18-14, позитивата без големи проблеми ја одржуваа во второто полувреме за на крајот да слават со конечни 36-31 за Норвешка.

Следниот меч македонските ракометари го играат утре против Хрватска со почеток од 13:30 часот. Во последното коло ќе играме против Данска, тој меч е на 11 јули.