Македонија синоќа имаше уште еден разочарувачки настап, загубивме од Шкотска со 0-2, не успеавме да создадеме ниту една сериозна шанса.
Нашата репрезентација врза седум натпревари без постигнат гол, селекцијата не функционира на терен, инфериорни сме во однос на противниците и тоа трае долго време.
Миовски кој е еден од оние задолжени за голови, вели дека за да се затресе противничката мрежа треба да функционира целата екипа.
„Примивме многу рано гол и мислам дека тоа беше клучен момент. Шкотска е силна физичка екипа, требаше да играме повеќе со топка и да ги натераме повеќе да трчаат, но влеговме во нивната игра. Загубивме многу топки на теренот и тоа вакви репрезентации знаат да го казнат.
Мислам дека треба да играме офанзивно и да бидеме поопуштени во таа трета зона. Секој натпревар носи свој притисок, за да се постигне гол треба да функционира цела екипа, а исто е и да се брани нашиот гол. Заедно ја носиме таа одговорност. Треба да создаваме повеќе шанси и да бидеме офанзивни. Ќе дадеме сè од себе против Швајцарија“, кажа Миовски.