Селекторот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) ги одбра одбојкарите кои ќе настапат на престојното Европско првенство на кое ние нашите натпревари ги игравме во Софија.
На списокот на Миленковски се најдоба четворица дебитанти. Техничарот Давид Стојанов, коректорот Кристијан Илијев, средниот блокер Михајло Мирасчиев, како и либерото Филип Јованов се играчите кои за првпат ќе настапат на еден континентален собир во националниот дрес.
Останатите имиња се добро познати.

Македонија во среда на 9. септември ќе го почне настапот на Европскиот шампионат, прв противник ни е Бугарија. Во нашата група се уште и актуелниот европски шампион Полска, Украина, Португалија и Израел.