Милан ја продолжи серијата без пораз во Серија А и по осмото коло. „Росонерите“ вечерва на гостувањето кај Удинезе ја оправдаа фаворитската улога и славеа со 2-0.
Избраниците на Милан поведоа уште во шестата минута, кога Лука Модриќ повторно го покажа својот фудбалски квалитет. Хрватскиот ветеран испрати мајсторска асистенција до Кристијан Пулишиќ, кој одлично ја заврши акцијата и донесе предност за гостите.
Погодокот на Пулишиќ беше единствен во првото полувреме. Удинезе во продолжението се обиде да се врати во натпреварот и успеа да создаде неколку закани, но недостигаше завршниот удар.
Казната пристигна по нешто повеќе од еден час игра, кога Хачисон ја затресе мрежата и ги постави конечните 2-0 за Милан.
Со овој триумф, Милан стигна до петтата победа сезонава, на која има и три нерешени резултати. Со вкупно 18 бода, „росонерите“ се наоѓаат на четвртата позиција на табелата.
Удинезе, пак, се наоѓа во долниот дел од табелата и продолжува со лошите резултати. Тимот го запиша петтиот пораз по ред и остана на само четири бода.