nekategorisano

Милан во облаци: Убедлива победа над градскиот ривал Интер (ВИДЕО)

Милан во облаци: Убедлива победа над градскиот ривал Интер (ВИДЕО)

Милано е „црвено-црн“. Екипата на Милан славеше во големото градско дерби против Интер со 3:1, и ја продолжи серијата на триумфи против својот градски ривал.

Блескаше Мореира кој запиша две асистенции и потоа самиот го постигна и третиот гол за својот тим, и веќе ги оправдува средствата вложени во него. Актуелниот првак со тоа го губи здивот за врвот против Лацио, а Милан се врати по неочекуваниот пораз од Болоња на домашен терен пред неколку дена.

Многу силно почна Милан и брзо дојде до два гола предност. Најпрво Пулишиќ успеа да го совлада Мартинез, а веднаш потоа во мрежата на Интер погоди и Рабио. Двата гола беа по асистенции на Мореира.

Сепак, Интер веднаш се врати. Бастони во 22. минута искористи едно невнимание во одбраната на Милан, и успеа да намали. Следуваа минути на Интер, имаше шанса и Сучиќ, но Мањан успеа да одбрани.

Асистентот на двата гола за Милан, Мореира самиот го постигна третиот гол за „Росонерите“ и така на полувреме Милан замина со солидна предност. Португалецот даде прекрасен погодок од слободен удар за целосно да го сруши Интер.

Во вториот дел Интер се обидуваше да стигне до вториот гол, меѓутоа Милан одигра одлично тактички и успеа да се одбрани, за на крајот да слави голем триумф на градското дерби.