Најмладиот тренер со шампионска титула во македонската кошарка спогодбено ја прекина соработката со аеродромци. Клубот во неговата ера освои четири шампионски титули, три Купа и три Суперкупа.
МЗТ Скопје Аеродром и Васко Атанасов спогодбено ја прекинаа соработката, соопшти актуелниот македонски кошаркарски шампион.
Атанасов ја презеде тренерската функција во 2023 година и за три години остави длабока трага во историјата на клубот и македонската кошарка. Тој стана најмладиот тренер кој стигнал до шампионски трофеј во Македонија, а периодот на клупата на МЗТ го одбележа со исклучително успешни резултати.
Под негово водство, „металците“ освоија дури четири шампионски титули во низа, во 2023, 2024, 2025 и 2026 година. Дополнително, Атанасов го предводеше тимот до три трофеи во Купот на Македонија (2024, 2025 и 2026), како и три Суперкупа (2023, 2024 и 2025).
Од клубот му се заблагодарија за посветеноста и професионализмот, посакувајќи му успех во продолжението на тренерската кариера.
Името на новиот шеф на стручниот штаб засега не е познато. МЗТ Скопје најави дека одлуката ќе биде соопштена во наредните денови.
До назначувањето на новиот тренер, со екипата ќе работат досегашните помошници на Атанасов, Дејан Србиновски и Тино Даневски.