Кошаркарите на МЗТ Скопје го забележаа третиот пораз во ФИБА Еврокупот откако вечерва против Вурцбург во Германија во третото коло загубија со 87-73.
МЗТ претходно беше поразен на домашен терен од Ираклис и Тарту, па така остана единствен без бодови во својата група.
Во денешниот натпревар избраниците на Атанасов беа рамноправни само на стартот, а во продолжение тимот предводен од Саша Филиповски кој е словенечки тренер со македонско потекло беше во водство.
Првиот период заврши со 21-21, но потоа од вториот домашниот состав почна да го трасира патот кон триумфот. Највисоката разлика до која стигна германскиот состав беше во 75-58 во последната четвртина.
Еди Колберт со дабл-дабл од 19 поени и 10 скока беше најефикасен кај Вуруцбург, додека кај МЗТ Ноа Али Фаракан се истакна со 14.