Фудбал

Мечот меѓу Силекс и Динамо Минск ќе биде пренесуван на Арена Македонија!

Мечот меѓу Силекс и Динамо Минск ќе биде пренесуван на Арена Македонија!

Реванш натпреварот од квалификациите за Конференциската лига меѓу Силекс и Динамо Минск ќе оди со директен пренос на програмите на Арена М1 Премиум.

Силекс одигра одличен меч во Бугарија каде што белорускиот тим беше домаќин, кратовскиот тим победи со 1-0 и со предност од еден гол ќе го почне утрешниот (четврток) реванш.

Натпреварот меѓу Силекс и Динамо Минск се игра во тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“, со почеток од 20 часот.

Влезници веќе нема, Силекс информираше дека мечот е распродаден, а добра вест за македонските фудбалски фанови е дека тој ќе биде пренесуван на Арена М1 Премиум.