После Корнеља, Аргентинецот станува сопственик и на тимот на Елденсе.
Лионел Меси е пред уште еден голем чекор во светот на фудбалскиот бизнис. Аргентинската суперѕвезда постигнала договор за преземање на второлигашот Елденсе, објавија медиуми од Аргентина и Шпанија.
Според информациите, Меси дал принципиелна согласност да ги купи сите акции кои се во сопственост на мнозинскиот акционер TH Soluciones Group SAS. Колумбиската инвестициска група го презеде клубот во октомври минатата година, а сега треба целосно да го префрли во сопственост на аргентинскиот фудбалер.
За трансакцијата да биде официјализирана, потребно е одобрение од Високиот совет за спорт на Шпанија (CSD).
Ова нема да биде прва инвестиција на Меси во шпанскиот фудбал. На 16 април тој го презеде клубот Корнеља, кој настапува во петтото ниво на шпанскиот фудбал.
Меси, кој неодамна се повлече од репрезентацијата на Аргентина, воедно е фудбалер на Интер Мајами, а според информациите треба да добие и сопственички удел во американскиот клуб.