Кошарка

МВР со детали за тепачката на Фемили и ЦПБ: Малолетник е во болница со тешки повреди!

МВР со детали за тепачката на Фемили и ЦПБ: Малолетник е во болница со тешки повреди!

Едно лице заврши во болница со тешки телесни повреди, а едно е приведено по вчерашната физичка пресметка меѓу навивачки групи пред спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за 18-годишниот М.М. од Скопје, кој бил приведен по инцидентот. Според информациите од МВР, до тепачката дошло кога група од околу 30 припадници на навивачката група „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на Работнички, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар.

Во инцидентот најтешко поминал 16-годишник од Скопје, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил итно пренесен во Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

„Според пријавеното, М.М., како член на навивачката група „Фемили Аеродром“, повикувал, поттикнувал и учествувал во тепачка, во која група од околу 30 навивачи на „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар. Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош“, информираат од МВР.