„Дидие како играч и како тренер напиша неверојатна историја“, истакна капитенот на Франција.
Франција пропушти да се пласира во финалето на Светското првенство откако загуби со 2-0 од Шпанија, а неуспехот во полуфиналето би можел да означи крај на една од најуспешните ери во историјата на националниот тим.
Селекторот Дидие Дешам, кој претходно најави дека ова ќе биде неговото последно Светско првенство на клупата на „триколорите“, не успеа да го одведе својот тим до уште едно финале.
Мбапе и другарите не успеаја да најдат решение за Шпанците, кои на крајот заслужено славеа и се пласираа во финалето, а Французите ќе играат меч за трето место против Англија.
Иако француската репрезентација ја презеде одговорноста за елиминацијата, Мбапе веднаш застана во одбрана на својот тренер, нагласувајќи дека тимот ќе направи сè за неговиот последен натпревар на клупата да остане во добро сеќавање.
„Ништо не се променило кога станува збор за тоа што Дидие значи за нас и за францускиот фудбал. Како играч и како тренер, тој напиша неверојатна историја. Ни останува уште еден натпревар и ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме за него утре. Тој го заслужува тоа, исто како и нашите навивачи, кои заслужуваат да го завршат Светското првенство со победа и да го освојат третото место“, рече капитенот на Франција.