Фудбал

Мбапе го посочи најдобриот на Мундијалот досега!

Мбапе го посочи најдобриот на Мундијалот досега!

На прес-конференцијата по повод натпреварот на Франција против Ирак, пред новинарите се појави главната ѕвезда на Французите, Килијан Мбапе.

Еден од новинарите го стави Мбапе во кош од четворица играчи и го праша кој е најдобар во досегашниот дел од првенството.

„Досега вие заедно со Кејн и Халанд имате постигнато по два гола, а Меси даде три. Што мислите, кој е најдобар од вас четворица во овој момент?“, беше прашањето на новинарот.

„Најдобар од овие четворица е Лео Меси, тоа е јасно. Тој заедно со Кристијано е најдобар во светот. Во последните 15 години има покажано дека поседува извонреден квалитет. Јас се обидувам да сум како него, да го покажам мојот квалитет на најголемата сцена, да помогнам на тимот да го освоиме Светското првенство. Но, од нас, досега, дефинитивно најдобар е Меси“, одговори Мбапе.

Мбапе во овој момент е четврти на вечната листа на стрелци на Мундијалите со 14 погодоци, бразилскиот Роналдо има еден гол повеќе, а челната позиција ја делат Меси и Клосе со по 16 голови. Ако Французинот вечерва има ефикасен натпревар, може и да го престигне фудбалерот кој го посочи за најдобар.

Мечот Франција-Ирак е на програма вечерва во 23 часот, со пренос на каналот Арена Спорт М1.