Фудбал

Мартин Мирчевски потпиша за Пелистер, големо засилување за битолскиот тим

Мартин Мирчевски потпиша за Пелистер, големо засилување за битолскиот тим

Фудбалскиот клуб Пелистер потврди дека Мартин Мирчевски во следната сезона ќе го носи зелено-белиот дрес.

Пелистер ги покажува амбициите за експресно враќање во Првата лига, битолчани го вратија Мартин Мирчевски.

29-годишниот офанзивен фудбалер потекнува од Пелистер, а во меѓувреме настапуваше и во странство во екипи како ТСЦ и Железничар.

Во минатата сезона Мирчевски настапуваше за Силекс.