Реклама
Arena Sport
Фудбал

Мартинез пред СП заработил повреда која му оставила трајни последици – еден прст на раката не може да го свитка (ВИДЕО)

Мартинез пред СП заработил повреда која му оставила трајни последици – еден прст на раката не може да го свитка (ВИДЕО)

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез откри непознат детал за повредата што ја заработил непосредно пред Светското првенство.

Чуварот на мрежата на Астон вила сè уште не може целосно да го свитка еден од прстите на десната рака, а последиците, како што самиот признава, ќе ги чувствува до крајот на животот.

Реклама
Arena Sport

Мартинез ја покажа повредената рака во разговор со аргентинскиот новинар Гастон Едул, кој објави видео од нивниот разговор на социјалните мрежи. На снимката јасно се гледа дека голманот има проблем целосно да ја стисне десната тупаница.

„Овој прст не можам добро да го свиткам. Така ми остана по Светското првенство и ќе биде така до крајот на животот“, откри аргентинскиот репрезентативец, покажувајќи го повредениот прст.

Според аргентинскиот портал „Диарио Памперо“, Мартинез се здобил со скршеница неколку недели пред почетокот на Мундијалот, додека го бранеше голот на Астон вила. Новинарот Едул, објавувајќи го видеото, посочи дека сакал да покаже низ каква болка и проблеми поминал голманот, кој успеа да го одигра целиот шампионат и покрај скршеницата, за јавноста да ја разбере сериозноста на повредата.

Претходно, како што објави „Ел Интрансигенте“, Мартинез открил дека секојдневно чувствува болки во прстот, но успеал да избегне хируршка интервенција.

Реклама
Arena Sport