Фудбал

Мартинез итно опериран, се огласи голманот и порача колку ќе паузира

Мартинез итно опериран, се огласи голманот и порача колку ќе паузира

Аргентинскиот чувар на мрежата се повреди во судир со дефанзивецот на Евертон, но по операцијата испрати охрабрувачка порака за својот опоравок.

Голманот на Челси, Емилијано Мартинез, успешно беше опериран по тешката повреда што ја заработи на натпреварот против Евертон во Премиер-лигата.

Аргентинскиот репрезентативец настрада во второто полувреме, при еден слободен удар на домаќините, кога се судри со дефанзивецот Џарад Брантвајт. По жестокиот дуел, Мартинез остана да лежи на тревникот, а медицинските екипи му укажуваа помош околу десет минути пред да биде изнесен на носилки и пренесен во болница.

Првичните информации укажуваа на сериозна повреда, а дополнителните прегледи потврдија дека голманот има скршеница на јаболчницата, поради што беше неопходна хируршка интервенција.

По операцијата, Мартинез се огласи преку социјалните мрежи и ги охрабри навивачите, заблагодарувајќи им се за пораките за поддршка. Тој изрази оптимизам дека ќе се врати на терените за неколку недели.

Повредата доаѓа во незгоден момент за Челси, кој ќе мора да се снаоѓа без искусниот голман во претстојниот период. Во дуелот со Евертон, на негово место влезе 21-годишниот белгиски голман Мајк Пендерс, кој го забележа своето деби во Премиер-лигата.

И покрај загубата на својот голман, Челси славеше со 2:0 на гостувањето кај Евертон, благодарение на двата гола на Педро Нето.

Точната должина на паузата на Мартинез засега не е прецизно потврдена, но неговата порака по операцијата дава надеж дека враќањето би можело да биде релативно брзо.