Фудбал

Мароко без најдобриот мундијалски стрелец против Франција!

Мароко без најдобриот мундијалски стрелец против Франција!

Мароканската репрезентација ќе биде без еден од своите најважни фудбалери во вечерашниот четвртфинален дуел против Франција на Светското првенство.

На теренот нема да се појави Исмаел Саибари, кој не успеа да се опорави од повредата. Фудбалерот се повреди на натпреварот против Канада во осминафиналето, а лекарскиот тим направи напори да го подготви за денешната пресметка. Сепак, Саибари не доби зелено светло за настап и ќе го пропушти натпреварот кој почнува во 22:00 часот во Бостон.

Мароканецот беше меѓу најзабележителните играчи на својата селекција на турнирот. Постигна три погодоци и одигра важна улога во историскиот пласман на Мароко меѓу осумте најдобри репрезентации во светот.

Мароко и Франција вечерва ќе се борат за место во полуфиналето на Светското првенство, а почетокот на натпреварот е закажан за 22:00 часот.