Тенис

Маратонот на Ѓоковиќ ја отвори дебатата за нови правила во тенисот

Маратонот на Ѓоковиќ ја отвори дебатата за нови правила во тенисот

По петчасовниот дуел на Вимблдон, поранешната тренерка на Серена Вилијамс предлага супер тај-брејк наместо петти сет.

Маратонскиот меч на Новак Ѓоковиќ против Феликс Оже-Алијасим на Вимблдон, кој траеше повеќе од пет часа, повторно ја разгоре дискусијата за потребата од промена на правилата на грен слем турнирите. Поранешната тренерка на Серена Вилијамс, Рени Стабс, смета дека токму ваквите натпревари треба да бидат повод за сериозни измени на системот на натпреварување.

По исцрпувачката борба која траеше пет часа и 15 минути, Ѓоковиќ во следниот меч против Јаник Синер изгледаше далеку од своето препознатливо ниво, што според Стабс е уште еден доказ дека промените се неопходни. Таа предложи при резултат 2:2 во сетови да не се игра одлучувачки петти сет, туку супер тај-брејк до десет поени.

„Мислам дека најдобро решение би било да се игра на три добиени сета, но ако биде 2:2, победникот да се одлучи во тај-брејк до десет поени“, изјави Стабс во подкастот што го води. Таа додаде дека кај женскиот тенис, без навреда за жените или мажите, тенисерките ќе играат уште подолги мечеви бидејќи немаат толку силен сервис.

„Видовте и кај мажите дека сега се играат долги поени, но тие сепак имаат исклучително силни сервиси и освојуваат голем број поени благодарение на почетниот удар, особено на трева“, објасни Стабс.