Управата на Црвените Ѓаволи донесе конечна одлука, тренерот доби ултиматум.
Управата на Манчестер Јунајтед донесе одлука по катастрофата во Комо во Лигата на шампионите, и поразот од 4:1. Раководните луѓе наводно одлучиле да му дадат на Мајкл Карик уште два натпревари да ја поправи ситуацијата, во спротивно ќе добие отказ.
Така сега притисокот е врз тренерот на Јунајтед, кој мора во следните мечеви да почне да победува, ако сака да ја спаси својата работа.
Ситуацијата дополнително ја разгори и капитенот Бруно Фернандеш кој по натпреварот кажа дека тимот добил инстукции да чека и да не врши пресинг, а според него требало да се игра похрабро.
Веќе се шпекулира дека Антонио Конте ќе го презеде кормилото, а некои медиуми пишуваат дека Италијанецот бил на трибините во Комо и го следел натпреварот.