Карик се надеваше дека ќе го добие францускиот играч за врска уште во јануари, но Фофана нема намера да ја напушти Андалузија среде сезона.
Манчестер Јунајтед би можел да остане без едно од посакуваните засилувања за средниот ред. Јусуф Фофана, кој настапува за Севиља како позајмен фудбалер од Милан, наводно нема намера да ја менува средината во јануарскиот преоден рок.
Според информациите што ги пренесуваат шпанските медиуми, англискиот клуб покажал интерес за францускиот интернационалец, но неговиот став е јасен – сака да ја испочитува позајмицата и да ја заврши сезоната во шпанскиот тим.
Фофана пристигна во Андалузија на почетокот на септември, на позајмица до крајот на сезоната, откако Милан се согласи да го отстапи без опција за откуп. Тоа значи дека евентуалното заминување во јануари би барало дополнителен договор меѓу заинтересираните клубови и Севиља.
Манчестер Јунајтед бара дополнителни решенија за средниот ред, а Фофана се вклопува во профилот на играч кој може да придонесе и во дефанзивните задачи и во организацијата на играта. Неговите настапи во Шпанија го привлекле вниманието на луѓето од „Олд Трафорд“.
Французинот досега постигна еден гол на пет настапи во првенството за Севиља. Во клубот пристигнал со желба да биде важен дел од тимот и да помогне во неговото градење, па не сака по само неколку месеци да ја прекине авантурата во Шпанија.
За Јунајтед, ваквиот став претставува сериозна пречка. Дури и ако англискиот клуб и Милан најдат заеднички јазик околу трансферот, останува прашањето дали ќе можат да го убедат Фофана да ја промени својата одлука.



