Фудбал

Манчестер Сити пред историска казна: УЕФА без милост ќе удри по англискиот гигант

Манчестер Сити пред историска казна: УЕФА без милост ќе удри по англискиот гигант

Поранешниот англиски и европски шампион Манчестер Сити би можел да се соочи со една од најдрастичните казни во историјата на европскиот фудбал.

Европската фудбалска унија (УЕФА) наводно размислува за забрана за настап на англискиот гигант во европските натпреварувања во период од седум до 10 години, доколку по жалбената постапка биде потврдена неговата одговорност за финансиските прекршувања.

Случајот на Манчестер Сити е поврзан со финансиските правила на Премиер-лигата. Независна комисија утврди прекршувања во периодот од сезоната 2009/10 до 2017/18, а клубот поднесе жалба.

Сепак, важно е да се нагласи дека УЕФА засега официјално не потврди дека разгледува ваква казна.