Фудбал

Маневски: Против Рига сакаме да се поправиме пред нашите навивачи

Маневски: Против Рига сакаме да се поправиме пред нашите навивачи

Бекот на Вардар очекува успешни настапи во Конференциската лига

После едно коло во Лигата н шампионите, Вардар се сели во Лигата на Конференции, откако загуби во двомечот против фински КУПС.

Вардар на реваншот стигна негатива од 0-2, успеа да се избори за продолженија, но на крајот стигна само до „пирова победа“ од 2-3, што беше недоволно за да се продолжи натаму.

Бекот на Вардар, Михаил Маневски очекува поправање на впечатокот во Лигата на Конференции, особено пред домашните навивачи.

„Натпреварот во Финска го одигравме добро. Успеавме да победиме, но за жал со недоволна разлика да одиме понатаму. Во текот на мечот се држевме добро, но во продолжението на виделина излезе оној плус што КуПС го имаше уште пред овој двомеч, тоа е што е во натпреварувачки ритам. Сега ги продолжуваме европските настапи во Конференциската лига, каде следи двомеч со летонска Рига. Ќе го дадеме најдоброто од себе, првиот меч ни е дома и ќе се бориме да ја поправиме сликата пред нашите навивачи“, изјави Маневски.