Одбојка

Македонските одбојкарки со пораз од Словенија го завршија настапот во Европската лига

Македонските одбојкарки со пораз од Словенија го завршија настапот во Европската лига

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија претрпе уште еден убедлив пораз во Европската лига, во СЦ „Борис Трајковски“ загубивме со 0-3 (15-25, 10-25, 10-25) од Словенија.

Нашите одбојкарки добро влегоа во мечот, имаа водство од 12-10, но Словенија направи неверојатна серија и го доби сетот со 25-15.

Во следните два сета не успеавме да пружиме позначаен отпор, Словенките рутински ги добија со по 25-10.

Ана Фасулева со седум поени и Андротеа Милевска со шест поени беа најефикасни во селекцијата на Македонија.

Настапот во Европската лига го завршивме со шест порази од исто толку натпревари.