Македонската одбојкарска репрезентација денеска го почнува настапот на Европското првенство, натпреварите од нашата група ги играме во Софија.
Почнува 34. Европско првенство во одбојка кое ќе се одржи во четири земји, Италија, Финска, Бугарија и Романија.
За Македонија ова ќе биде настап на четврто Европско првенство по ред. Ние сме во групата „Б“ заедно со домаќинот Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел.
Пласман во осминафиналето обезбедуваат најдобрите четири селекции од секоја група.
Македонија настапите ги почнува денеска од 18 часот кога ќе се сретне со домашната селекција на Бугарија. Потоа играме со Украина, Полска, Португалија, завршуваме со Израел.
Распоред на натпревари на Македонија:
Македонија – Бугарија 09.09 18:00
Македонија – Украина 11.09 15:00
Македонија – Полска 13.09 18:00
Македонија – Португалија 15.09 15:00
Македонија – Израел 16.09 15:00
Натпреварите ќе може да ги гледате во живо на програмите на Арена Спорт Македонија.