Ракомет

Македонија У20 ја запиша првата победа на Европското првенство

Македонија У20 ја запиша првата победа на Европското првенство

Македонија го оствари првиот триумф на Европското првенство за ракометари до 20 години, совладувајќи ја Летонија со 35-31.

Нашите ракометари имаа предност во најголемиот дел од натпреварот. Иако противникот успеа да направи пресврт во второто полувреме, следуваше брза реакција на избраниците на Игор Илиевски, кои повторно го презедоа водството и не дозволија нова неизвесност.

Најрасположени во македонскиот состав беа Мики Лазов и Лука Ѓорѓиевски со по осум гола, додека Ѓорѓи Николовски забележа десет успешни интервенции. Кај Летонците се истакна Валдис Калнинс со 17 погодоци.

И покрај освоените бодови, Македонија не успеа да обезбеди место во разигрувањето за пласман од 9. до 16. место и во продолжението на шампионатот ќе се бори за позиции од 17. до 24. место.