Ракомет

Македонија У20 со трета подготвителна победа пред настапот на ЕП

Македонија У20 со трета подготвителна победа пред настапот на ЕП

Машката младинска репрезентација на Македонија продолжува со успешните подготовки за Европското првенство, откако на контролен натпревар ја совлада Грција со 29-25.

Избраниците на Игор Илиевски одиграа квалитетен натпревар и заслужено стигнаа до нов триумф, кој е четврти во низа во рамките на подготвителниот период.

Пред дуелот со Грција, македонските младинци двапати беа подобри од Саудиска Арабија, победувајќи со 35-26 и 22-21.

На претстојното Европско првенство за ракометари до 20 години, Македонија ќе игра во групата Д заедно со Норвешка, Хрватска и Данска, а пред почетокот на шампионатот ќе одигра уште една контролна средба против Италија.