Младата кошаркарска репрезентација на Македонија со триумф над Словачка од 71-63 го стартуваше настапот на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Братислава.
Македонските кошаркарски надежи имаа фантастично отворање на турнирот, победа над домашната селекција на Словачка.
Клучна беше втората четвртина која Македонија ја доби со убедливи 26-11, тогаш создадовме предност која ја одржувавме до крајот на мечот за конечни 71-63.
Најефикасен во нашата селекција беше Коста Ќириловски со 15 поени, Луканоски постигна 11, имаше и девет скокови, двоцифрен беше и Петрушевски со десет поени.
Следниот меч на Македонија е утре против Ирска од 13:30 часот.