Женската репрезентација загуби во мечот за петтото место на Медитеранските игри во Таранто.
Македонската женска репрезентација загуби од Косово со 22:17, и на крајот го освои шестото, последно место на Медитеранските игри во Таранто.
Македонија почна добро, главно беше во водство или во егал, меѓутоа после 4:3, повеќе не дојде до предност до крајот на мечот. Косоварките дојдоа до предност од 7:5 на полувремето.
Лошиот старт на вториот дел се чини беше еден од клучните фактори за поразот. Од 7:5, Косово дојде до 12:5, и тука повеќе немаше враќање за Македонија. Оваа серија беше „виновна“ за неуспехот на овој натпревар. Македонија до крајот не успеа да направи некоја долга серија со која би се вратила во драматична завршница.
Ања Лашкоска беше најефикасна во составот на Македонија со пет голови. Кај Косово имаше две ракометарки со по пет голови: Ариона Душица и Елса Коњели.
Претходно во групата, Македонија ја совлада селекцијата на Косово со 27:22.