Македонските одбојкари со очекуван максимален пораз го почнаа настапот на Европското првенство, Бугарија е преселина селекција за нас, домаќинот победи со 3-0 (25-17, 25-19, 25-18).
Избраниците на Јошко Миленковски храбро се бореа, во делови од сетовите беа рамноправен противник, но само поради многуте грешки на Бугарите.
Сетовите вообичаено беа во егал, а кога требаше да се решаваат Бугарија правеше серија и на крајот убедливо ги добиваше.
За два дена, во петок од 15 часот играме против селекцијата на Украина.