Поранешниот капитен на Вардар кога Седлоски го водеше тимот, ќе биде во стручниот штаб на националниот тим.
Македонската фудбалска репрезентација ќе доживее промени во стручниот штаб пред престојното издание на Лигата на Нации.
Првиот асистент на Седлоски, Борче Христов нема да биде повеќе дел од стручниот штаб на Македонија. Поради обврските со Пелистер, Христов нема да му помага на Седлоски во иднина.
На негово место во стручниот штаб ќе биде вклучен поранешниот капитен на Вардар, и екс репрезентативец Бобан Грнчаров, пренесува „Спорт 1“.
Грнчаров беше капитен во миговите кога Седлоски беше тренер на Вардар, а исто така потоа Грнчаров почна тренерска кариера и ги водеше „црвено-црните“ и ги внесе во прволигашката конкуренција, со победата во баражот над Скопје во Кавадарци.
Репрезентацијата добива и нов кондициски тренер. Станува збор за Михаило Шејкероски, кој има искуство со работење во Металург, како и во Бугарија, меѓу кои и тимот на Лудогорец со кого стана шампион.
Потоа Грнчаров беше тренер и на Македонија ЃП дел од минатата сезона.