Реклама
Arena Sport
Ракомет

Македонија со лесна победа над Луксембург тргна во квалификациите за ЕП!

Македонија со лесна победа над Луксембург тргна во квалификациите за ЕП!

Ракометната репрезентација на Македонија со 41-23 ја победи селекцијата на Луксембург во меч од првото квалификациско коло за Европското првенство 2028 година.

Како што и се очекуваше, момците на Кире Лазаров беа доминантни од почетокот до крајот на мечот и немаа никакви потешкотии да дојдат до убедлив триумф.

Реклама
Arena Sport

За македонската репрезентација на овој натпревар дебитираше Украинецот Дмитро Горига кој даде три гола.

Лазаров им даде шанса на сите ракометари. Томовски беше одличен со 13 одбрани, најефикасен беше Костески со шест гола, Петковски и Серафимов постигнаа по пет.

Следниот меч на Македонија во квалификациите е на гостински терен во Грција. Тој дуел го играме на 8 ноември од 16 часот со пренос на „Арена Спорт Македонија“.

Реклама
Arena Sport