Кошаркарската македонска репрезентација буквално ја растури Австрија среде Виена, победивме со 91-59 во меч од вториот претквалификациски циклус за пласман на ЕП 2029.
Македонија доминираше од почетокот до крајот, а дека ова ќе биде лесна победа за нас се виде уште во првата четвртина која ја добивме со 30-14.
Во продолжението само го полневме кошот на противникот до конечни 91-59.
Македонија по подолго време настапи речиси комплетна, единствено недостасуваше Андреј Јакимовски. Но, го имавме повратникот Ненад Димитријевиќ кој комплетираше трипл-дабл.
Нено постигна 15 поени, имаше 14 скокови и 11 асистенции, поефикасен од него беше Ефремовски со 17 поени, двоцифрен беше и Мекиќ со 12 поени.
Следниот натпревар на Македонија е на 26. ноември на домашен терен против Кипар.